fbpx
ОДДЕЛИ

Радиологија

Одделот за радиологија располага со најсовремена технологија која овозможува прецизна и навремена дијагноза, како и изведување интервентни процедури. Снимањето на најновите апарати за дијагностика е безбедно, со скратено време на снимање и со помала доза на зрачење. Единствено во државата располага со магнетна резонанца 3 Tesla која овозможи нова ера во дијагностиката. Закажувањето е брзо, без листи на чекање, а резултатите со стручен извештај од радиолог ги добивате истиот ден.

ДИГИТАЛИЗИРАНИ КОНВЕНЦИОНАЛНИ РАДИОЛОШКИ ПРОЦЕДУРИ

  • Нативни и контрастни дијагностички радиолошки процедури по органи и системи
  • Нативни и контрастни радиолошки процедури кај новороденчиња и деца
  • Интервентни неваскуларни процедури

Дијагностички и интервентни процедури на дојка

  • Ултразвук на дојки
  • Дигитална мамографија
  • Магнетна резонанца на дојки, биопсии и предоперативно маркирање

Ултразвучни процедури по органи и системи (дијагностички и интервентни)

  • Уринарен и дигестивен тракт
  • Меки делови, мускули, зглобови
  • ЕХО на „слепо црево“

Компјутерска томографија – Revolution Apex CT 512-Slices

Квалитетна слика во висока резолуција, скратено време на снимање, ултра ниска зрачна доза и помала количина на контрастно средство, единствена можност за снимање на бебиња од најмала возраст, прецизни снимки и кај многу обезни пациенти се само дел од предностите што ги нуди новиот апарат за компјутерска томографија, Revolution Apex CT 512-Slices.  Бројните предности на КТ апаратот се должат на вградениот уникатен систем TrueFidelity кој користи вештачка интелигенција за обработка на сликата со извонредна резолуција при минимални дози на зрачење. Апаратот е еден од најбрзите томографи со 512 пресеци во ротација, со што се овозможува краток преглед, кој се мери во секунди и кој благодарение на технологијата има значително помало зрачење до 80 отсто. Со оваа инвестиција во вредност од 1.600.000 евра, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствената болница во регионот која го поседува Revolution Apex CT 512-Slices, последното медицинско достигнување во дијагностиката од најголемиот светски производител на медицинска опрема „GE Healthcare“.

Магнетна резонанца (MRI 3 Tesla)

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во земјава е достапен во „Аџибадем Систина“. Со MRI 3 tesla времето на снимање е скратено за 30%, во споредба со MRI 1.5 Tesla. Во исто време двојно поголемата сила на магнетно поле овозможува прецизен приказ на внатрешните структури и органи, како и детекција на промени кои се невидливи со MRI 1.5 Tesla. Зголемениот комфор на пациентот за време на снимањето е овозможен со поширок цилиндар за 70 см. Комфорот е надополнет и со поширока маса за снимање која поднесува поголема тежина до 250 килограми. На овој моќен апарат може да се направи и скрининг на целото тело за помалку од 1 час, без зрачење и без контрастно средство.

Магнетна резонанца (MRI 1.5 Tesla)

Апаратот за магнентна резонанца претставува едно од поновите техничко-технолошки достигнувања во современата медицина кој се користи при дијагностицирањето на голем број промени на човековото тело по системи и органи (глава, врат, `рбет со `рбетен мозок, бели дробови, абдомен, приказ на билио-панкреатичното стебло). Во нашата болница достапна е МРИ по органи и системи, функционална МРИ (дифузија, перфузија), срцев мускул со перфузија, крвни садови, МРИ на фетус, МРИ на дојки. Во склоп на магнетната резонанца е и најсовремен апарат за анестезија кој овозможува процедурата на снимање безбедно да се изведе кај најтешко болните и пациенти со фобии од снимање.

Инаку, во болницата веќе е инсталиран еден од најсофистицираните ангиографски апарати во државата со сите потребни дополнителни алатки, што, овозможуваат изведување на комплексни васкуларни интервенции. Ангиографот има врвен квалитет на слика, кој овозможува прецизно снимање и безбедно изведување и на најкомплексните процедури со намалено зрачење. И при овие третмани се применува мултидисциплинарниот пристап во кој лекари од повеќе специјалности се вклучени во комплетната грижа, што е вистинска додадена вредност за здравјето на пациентите.

angiograf x
 

DSA (Дигитална суптракциска ангиографија)

  • Дијагностички ангиографски процедури
  • флебографија
  • и.в. ангиографија
  • дијагностичка ангиографија на периферните крвни садови, нефроангиографија, аортографија, ангиографија на вратните (каротидните, вертебралните) артерии, нефроангиографија, панцеребрална ангиографија, спинална ангиографија
  • Интервентни процедури на крвни садови

Дел од васкуларните интервентни процедури се користат за лекување заболувања на периферните артерии и вени. Стеснувањата на артериите и вените се третираат со балон дилатација. Доколку дилатацијата е недоволна на местото на стеснувањето, се поставува стент кој го проширува крвниот сад. Во случаи на затнување на крвниот сад поради тромбозасе користи тромболиза, со која ако навремено се спроведе можат да се избегнат некои трајни невролошки последици. Кај некои заболувања се јавува потреба од затнување на крвниот сад за да се оневозможи дотокот на крв до заболеното или оштетеното место. За таа цел се користат емболизациските интервентни процедури. Васкуларните интервентни процедури се користат и при лекувањето аневризми на абдоминалната или торакалната аорта. Во последната деценија сѐ повеќе се користат и за третман на аневризмите или артериовенските малформации на крвните садови на мозокот или на ‘рбетниот мозок. Дел од овие интервенции заменуваат хируршки третман или се подготовка за подобар оперативен третман.

Неваскуларни интервентни процедури

Од неваскуларните интервентни процедури кај нас се достапни: балон дилатација на стенози на езофагус, машка уретра, дебелото црево. На Одделот се изведуваат:

  • привремено или трајно (палијативно) стентирање на хранопровод,
  • машка уретра,
  • перкутана дренажа на апсцеси,
  • плеврален излив,
  • билијарна перкутана дренажа,
  • перкутана дренажа на урином
  • поставување перкутани нефростоми
  • КТ или УЗ водени биопсии ( ‘core’ – биопсии и тенкоиглени (FNAC) биопсии)
  • перкутана блокада на нерви или нервни плексуси