За нас
Д-р Мери
ДИЈАГНОСТИКА И ТРЕТМАН НА
БОЛЕСТИ НА УВО, НОС И ГРЛО
1. Тестирање на слух - При лесна или потешка наглувост, во специјална кабина се врши мерење на слухот со пуштање на одредени тонови со различна фреквенција.
Специјалниот апарат со кој се врши ова тестирање е аудиометар.
Ова испитување се врши кај деца над 4 годишна возраст кои можат да соработуваат и кај возрасни.
2. Тимпанометрија - Со специјален апарат тимпанометар, на дигитален начин се детектираат промените на средното уво.
Причините за наглувост може да бидат зголемен трет крајник што е најчест случај кај децата, намалена проодност на Евстахијевата туба или секрет во средното уво. Овие промени ги открива тимпанометријата, а методата се применува и кај возрасни, кои се жалат на затнато уво.
3. Ласерски третман на зуење во уши - Се врши со специјален апарат, т.н. Тини-мед, кој има биостимулативен ефект.
4. Перење на уши - Не се врши со шприц, туку со апарат специјално направен за таа намена. Тој е со регулирана температура и притисок, не причинува болки и е атрауматичен (нема опасност од опасност да се повреди усното тапанче).
5. Третман на акутни и хронични отити - Станува збор за успешно третирање на воспаление на надворешното и на средното уво.
6. ЕХО дијагностика на синуси
7. Третман на воспаление на синуси
8. Инхалација и аспирација на секрет од нос и грло
9. Солукс лампа (инфрацрвена топлина)
10. Биоптрон (поларизирана светлина)
11. Третман на воспалено грло и ларингит
12. Ендоскопска дијагностика на полипи во нос и на гласните жици
Контакт